Şenhan Bolelli
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
МАДРИД (АА) - Шпанскиот фудбалски клуб Селта Виго го трансферираше 25-годишниот Денис Суарес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според официјалното соопштение на клубот Барселона, Денис Суарес, кој го носеше дресот на Барселона, е трансфериран во Селта Виго.
Шпанскиот фудбалер Суарес од 29 јануари до крајот на сезоната играше како позајмен играч за англискиот клуб Арсенал.
Тој се врати во клубот Селта Виго, каде што ја започна неговата фудбалска кариера, и со овој клуб потпиша четиригодишен договор.