Emre Aşıkçı
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Шпанскиот возач на Мото ГП, Марк Маркез, ќе биде подложен на операција на скршената десна рака по тешката несреќа за време на Гран прито на Шпанија во неделата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Понекогаш работите не одат како што очекувате, но најважно е да се повратиме и да продолжите понатаму. Се надевам дека уживавте во враќањето! Сега ќе се подложам на операција за фрактурата на мојата десна надлактица. Ви ветувам дека ќе се вратам што е можно поскоро, и уште посилен“, напиша Маркез на Твитер.
Водечкиот светски шампион излета од кривината на 22. круг и ја заврши трката на уште четири круга до крајот.
„Се надеваме дека ќе го видиме Марк Маркез на патеката на Гран Премио Ред Бул де Андалузија во петок, 24 јули“, стои на веб-страницата на Мото ГП.