Doga Kirmizioglu
04 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Петнаесеттата трка на сезоната во Мото ГП, која е една од најзначајните организации на мотоспортови во светот, ќе се одржи во Тајланд, пишува Anadolu Agency (AA).
На 15. трка во Мото ГП, пилотите ќе треба да извозат 26 круга на меѓународната патека Чанг, која е долга 4,6 километри и се наоѓа во тајландската покраина Бурирам
Трката за класификации ќе се одржи утре во 9:10 часот, додека в недела, односно на 6 октомври во 9:00 часот ќе се одржи главната трка.
Првите пет имиња на листата по одржаните 14 трки се следни:
1. Марк Маркес (Шпанија): 300 поени
2. Андреа Довициозо (Италија): 202 поени
3. Алекс Ринс (Шпанија): 156 поени
4. Данило Петручи (Италија): 155 поени
5. Маверик Вињалес (Шпанија): 147 поени