Berad Büyük
03 Октомври 2019•Ажурирај: 04 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот потпретседател на Светската фудбалска организација (ФИФА), Eухенио Фигередо, поради примање мито е суспендиран од фудбалот и мора да плати казна од милион швајцарски франци (910.000 евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Етичката комисија на ФИФА му изрече доживотна суспензија на Уругваецот Фигередо, кој се товари дека во својство на некогашен претседател на Фудбалската асоцијација на Јужна Америка (CONMEBOL) примил повеќемилионски износи на мито по основа на склучување спонзорски договор за континенталното натпреварување Копа Америка.
Фигередо од 2015 година е во домашен притвор во Уругвај.