Ekipa
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
БАНГКОК (АА) - Бројот на жртвите од големите поплави во Тајланд се искачи на 21, а властите очекуваат дека ситуацијата ќе се влоши во јужните провинции, јавува Anadolu Agency (AA).
Состојба на катастрофа е прогласена во 12 тајландски провинции поради поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикано од обилните дождови.
Погодените жители во последните неколку дена беа потпомогнати од армијата, а вицепремиерот Правит Вонгсуван денеска изјави дека бројот на војниците дополнително ќе се зголемува.
„Оваа година е многу лошо. Имаме загинати во поплавите и лизгањето на земјиштето, кои се многу невообичаени за овој период од годината“, рече заменик-премиерот на Тајланд.
Патиштата што го поврзуваат Бангкок со јужниот дел на земјата сега се затворени, а железничкиот сообраќај е пренасочен. Аеродромот во јужниот град Накхонситхамарат е затворен на неодредено време поради потопената писта.
Тајланд од 1 јануари беше зафатен од обилни дождови поради кои уште од првиот ден беа евакуирани околу 70.000 луѓе. Затворени се училиштата, оштетени се мостовите и патиштата, а населението е сместено во прифатни центри.
И соседна Малезија е погодена од големи поплави.