Ekipa
12 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ЧЕСТЕ (АА) - Возачот на „Repsol Hondа“ (Репсол Хонда), Марк Маркез (24), денес ја освои четвртата титула шампион на светот на последната трка од сезоната на Мото ГП за Големата награда на Валенсија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Маркез ја одбрани титулата освојувајќи го третото место на затворањето на сезоната на патеката „Рикардо Тормо“. Ова е негова четврта шампионска круна во кралската класа, а вкупно шеста.
На последната трка триумфираше неговиот тимски колега Дани Педроза, додека единствениот ривал во борбата за титулата, Андреа Довициозо, не ја заврши трката.
Пред последната трка Маркез ја освои стартната позиција, а му беше доволно да го освои и 11. место за да ја одбрани титулата светски првак.