Hüseyin Burak Demirer
19 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Марк Маркез од тимот на Репсол Хонда (Repsol Honda) е победник на трката за Големата награда на Франција, петтата трка на Мото ГП светскиот шампионат, јавува Anadolu Agency (AA).
Петтата трка на Мото ГП се возеше во Ле Ман, Франција.
Маркез, кој трката ја започна од пол-позиција, ја оствари третата победа во сезоната, односно 47-ма во кариерата.
Андреа Довициозо од Дукати (Ducati) зад Маркез заостануваше 1,9 секунда, а на третото место заврши Данило Петручи, исто така од Дукати, кој зад првопласираниот заостануваше 2,1 секунда.
Шестата трка сезонава, Големата награда на Италија, ќе се вози на 2 јуни.
- Пласман на пилотите:
1. Марк Маркез (Шпанија): 95 бода
2. Андреа Довициозо (Италија): 87
3. Алекс Ринс (Шпанија): 75 бода
4. Валентино Роси (Италија): 72
5. Данило Петручи (Италија): 57 бода