спорт

Ла Лига: Реал Мадрид ја заврши сезоната со пораз

Првото полувреме на натпреварот заврши без погодоци, додека Реал Бетис успеа да го заврши мечот како победник со постигнатите 2 погодока во 61. и 75. минута

Hüseyin Burak Demirer  | 19.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
Ла Лига: Реал Мадрид ја заврши сезоната со пораз

АНКАРА (АА) - На последниот натпревар во оваа сезона во првата шпанска фудбалска лига (Ла Лига), Реал Мадрид беше поразен од Реал Бетис со резултат 2:0, и со тоа Реал Мадрид ја заврши оваа сезона на третата позиција во табелата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Реал Мадрид во последните две сезони не успеа да се најде на првите две позиции во табелата, со што покажа најнеуспешен перформанс во последните 45 години.

Реал Мадрид, во 38. коло, односно во последното коло во сезоната, на домаќински терен одигра против Реал Бетис.

Првото полувреме на натпреварот заврши без погодоци, додека Реал Бетис успеа да го заврши мечот како победник со постигнатите 2 погодока во 61. и 75. минута.

Првиот погодок го постигна Морон, додека вториот Хесе Родригез.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın