Hüseyin Burak Demirer
19 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Белгискиот фудбалер Винсент Компани ќе го напушти клубот од англиската Премиер лига, Манчестер Сити, во кој моментално игра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, финалето во Англискиот федерациски куп во кое Манчестер Сити победи против Ватфорд со резултат 6:0, беше последниот меч во 11-годишната кариера на Компани во Манчестер Сити.
Белгискиот репрезентативец, дресовите на Андерлехт и Хамбург ги носеше по три сезони, а потоа во 2008 година беше трансфериран во Манчестер Сити, каде што во сезоната 2011-2012 стана капитен.
Со дресот на овој клуб Компани (33) одигра 360 натпревари и постигна 20 погодоци.
Компани, со дресот на Манчестер Сити, шампион во англиската Премиер лига стана четирипати, во Англискиот федерациски куп - двапати, во Купот на англиската лига - четирипати и во Комунити Шилд - двапати.