спорт

Анадолу Ефес и ЦСКА Москва во финалето на Фајнл фор на ТХЈ Евролига

- По синоќешните натпревари од полуфиналето на Фајнл фор турнирот во кошарка, турскиот претставник Анадолу Ефес и рускиот ЦСКА Москва ќе се борат за шампионската титула на ТХЈ Евролигата

Erkan Tiryaki  | 18.05.2019 - Обновена : 19.05.2019
Анадолу Ефес и ЦСКА Москва во финалето на Фајнл фор на ТХЈ Евролига

ВИТОРИЈА

По синоќешните натпревари од полуфиналето на Фајнл фор турнирот во кошарка, турскиот претставник Анадолу Ефес и рускиот ЦСКА Москва ќе се борат за шампионската тилула на ТХЈ Евролигата, јавува Anadolu Agency (AA).

Во финалето на ТХЈ Евролигата, најпрестижното кошаркарско клупско натпреварување во Европа, ќе се сретнат екипата на Анадолу Ефес, која го совлада тимот на Фенербахче Беко и екипата на ЦСКА Москва, која во вториот полуфинален натпревар го совлада тимот на Реал Мадрид.

Анадолу Ефес со резултат 92:73 го совлада Фенербахче Беко, додека ЦСКА Москва го победи Реал Мадрид 95:90.

Финалниот натпревар ќе се одигра во арената „Фернандо Буеса“, в недела, со почеток во 20:30 часот.


- Фенербахче Беко и Реал Мадрид во борбата за третото место

Поразените од полуфиналните борби, екипите на Фенербахче Беко и Реал Мадрид, в недела ќе излезат на паркетот во борбата за третото место на ТХЈ Евролигата.

Дуелот за третото место започнува во 17:30 часот. Минатата година Фенербахче Беко и Реал Мадрид играа во финалето на Фајнл фор, а тимот на Реал Мадрид ја освои шампионската титула.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.