Doga Kirmizioglu
26 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
АНКАРА (АА) - Англискиот премиер лигаш, Манчестер Сити, во првиот натпревар на третото коло како гостин победи против Борнмут со резултат од 2:1, јавува Anadolu Agency (AA).
Домаќинот на натпреварот кој се одигра во стадионот Виталити, Борнмут, во 13. минута постигна погодок со голот на Чарли Дениелс. Само осум минути по голот на домаќинот, резултатот беше изедначен со голот на фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жезус. Првото полувреме заврши со нерешен резултат.
Во 7. минута од продолжението, фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, ја затресе мрежата на противникот. Стерлинг премногу се радуваше по постогнатиот гол, и затоа доби втор жолт картон по што беше исклучен од теренот.