Doga Kirmizioglu
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Менаџерот на англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, најави пауза во кариерата и додаде дека нема уште долго време да работи како тренер, јавува Anadolu Agency (AA).
Гвардиола за британските медиуми зборуваше за плановите во кариерата.
„Ќе продолжам да работам во Манчестер Сити следните три сезони, или можеби малку подолго“, објасни 45-годишниот Гвардиола, кој рече дека се приближува до последните години од својата кариера како тренер.
Тој истакна дека се подготвува да се пензионира.
„Веќе чувствувам дека започна процесот за поздравување. Сигурен сум дека дојдов до крајот на својата кариера како тренер. Сити ќе биде еден од последните тимови којшто ќе го тренирам“, изјави Гвардиола, кој нема намера во поодминати години да седи на клупата.
Гвардиола, својата кариера како тренер ја започна во Барселона, а за четири сезони освоија три првенства. Шпанецот во Баерн Минхен премина во 2013 година, каде што продолжи да нижи успеси, а по освојувањето на УЕФА Супер купот на почетокот на сезоната премина во Манчестер Сити.