Dejan Maksimoviç
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
МАНЧЕСТЕР (AA) - Поранешниот велшки фудбалер Рајан Гигс во пресрет на утрешното градско дерби изјави дека Манчестер Јунајтед и понатаму е поголем клуб од Сити, кој е актуелен лидер на Премиер лигата на Англија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гигс, кој во текот на богатата фудбалска кариера го носеше само дресот на Манчестер Јунајтед, смета дека Џозеф Гвардиола со доаѓање на клупата на Сити ја намали разликата помеѓу градските ривали.
На прашањето дали Сити моментално е најголем клуб во Манчестер, Гигс јасно одговори: „Не."
„Во Јунајтед има многу повеќе играчи кои поминаа многу преку младинскиот тим на клбубот отколку во Сити. Минатата сезона Јунајтед освои три трофеи, а Сити не освои ништо неколку години."
Гигс истакнува дека, сепак, очигледно дека „граѓаните" полека им се приближуваат на „црвените ѓаволи".
„Многу се добри, а со моќта на потрошувачката која ја имаат, секоја година се приближуваат, но Јунајтед, со рекордите коишто ги има, со врвниот менаџер и играчите, и понатаму е на врвот, иако разликата се намалува. Со таа потрошувачка моќ и тренерот што го имаат ќе биде тешко да се запрат во наредните години, бидејќи играат неверојатен фудбал. Но, додека не освојат доволно трофеи, не можат да се споредуваат со Арсенал или слични тимови во Премиер Лигата", заклучи Гигс.
Гигс дресот на „црвените ѓаволи" го носеше 24 сезони, а во тој период одигра дури 963 натпревари и постигна 168 голови. Со Јунајтед освои речиси неверојатни 13 шампионски титули во Англија. Во низата трофеи кои ги освојуваше важно е да се споменат, две од Лигата на шампионите и две титули на светски клубски шампион и еден Суперкуп на Европа.
Големиот дерби на Манчестер ќе се игра во недела на Олд Трафорд со почеток од 17.30 часот. По 15 одиграни кола Сити е на врвот на табелата со 43 бода, додека Јунајтед е втор со само осум помалку.