Alma Çekovic
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Англискиот премиерлигаш, екипата на Свонси Сити, следната недела ќе го назначи Пол Клемент за нов менаџер, откако велшкиот клуб го отпушти американскиот менаџер Боб Бредли, само три месеци откако пристигна на стадионот Либерти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пишува Би-би-си, "лебедите", кои во моментов се на последно место во Премиер Лигата, треба да постигнат договор со Пол Клемент, поранешен директор на Дерби и актуелниот помошник на Карло Анџелоти во Баерн Минхен, кој треба да стане третиот менаџер на клубот оваа сезона.
Тој во февруари минатата година, по осум месеци го напушти Дерби, а разговорите со челниците на Свонси ги направи уште пред назначувањето на новиот менаџер Боб Бредли.
Се очекува Климент веќе во вторник да биде на стадионот Селхурст парк, каде што Свонси ќе гостува на Кристал Палас.
Англиските медиуми во последните неколку дена со клупата на Свонси го поврзуваа Крис Колман, Рајан Гигс и Гери Ровет.