Mutlu Demirtaştan
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ПЕРТ (АА) - Некогашниот најдобар играч на светот Роџер Федерер, на неофицијалното светско првенство во мешани тимови, купот Хопман, што се игра во Перт, Австралија, загуби од Александар Зверев, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Перт се одигра поединечен меч за мажи меѓу Германија и Швајцарија, а 19-годишниот Зверев го обеди Федерер со резултат од 2:1 во сетови.
Федерер, кој се наоѓа 16. место на АТП листата, ова му беше втор натпревар по повредата заради која помина шест месеци надвор од теренот.
Зверев, кој на АТП листата е рангиран на 24. место, му беа потребни малку повеќе од два часа да го совлада Федерер, кој има освоено 17 гренд слем турнири во поединечна конкуренција.