спорт

Плишкова победничка на тенискиот турнир во Рим

Чехинката Каролина Плишкова во финалето на турнирот во Рим ја совлада Британката Џоана Конта

Hüseyin Burak Demirer  | 19.05.2019 - Обновена : 21.05.2019
Плишкова победничка на тенискиот турнир во Рим

АНКАРА (АА) - Чехинката Каролина Плишкова е победничка на ВТА-турнирот во Рим, совладувајќи ја Британката Џоана Конта со 2:0 во сетови, пренесува Anadolu Agency (AA).

Седмата тенисерка на светот, Плишкова, во мечот кој траеше 1 час и 26 минути, Британката ја совлада со 6:4 и 6:4 во сетови и така ја освои втората титула во сезоната, односно 13. во кариерата.

По овој турнир Плишкова утре ќе се искачи на второто место на ранг-листата на ВТА.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın