спорт

Реал Мадрид го продолжи договорот на Крос

Крос во 2014 година беше трансфериран од Бајерн Минхен во Реал Мадрид, во чиј дрес одигра 233 натпревари постигнувајќи 13 погодоци

Hüseyin Burak Demirer  | 20.05.2019 - Обновена : 21.05.2019
Реал Мадрид го продолжи договорот на Крос

АНКАРА (АА) - Клубот од шпанската прва фудбалска лига (Ла лига), Реал Мадрид, до јуни 2023 година му го продолжи договорот на фудбалерот од средниот ред, Тони Крос, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на клубот, договорот на 29-годишниот германски репрезентативец е продолжен до сезоната 2022/2023.

Крос во 2014 година беше трансфериран од Бајерн Минхен во Реал Мадрид, во чиј дрес одигра 233 натпревари постигнувајќи 13 погодоци.

Тони Крос со дресот на Реал Мадрод стана трипати шампион во Лигата на шампионите на УЕФА, во Светското клупско првенство во фудбал на ФИФА - четирипати, во Суперкупот на УЕФА - трипати, а во Ла лига и во шпанскиот Супер куп по еднаш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.