Ekipa
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ХУФДОРП (AA) - Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПро) на својата официјална страница издаде предупредување на сите фудбалери да не потпишуваат за клубовите од Србија, нарејувајќи ја таа земја „опкружување на безаконието", јавува Anadolu Agency (AA).
ФИФПро повика на бојкот, поради, како што истакнааа, бројни спорови околу договорите и правата на играчите во Србија.
Во својето последно глобално истражување ФИФПро наведува дека 68 проценти од сите фудбалери во Србија им доцни платата и дека 89 отсо од оние кои биле "присилени на трансфер", и тоа без надоместок.
ФИФПро наведува дека во поглед на фудбалерите состојбата во Србија „уште повеќе се влошува."
Се наведува дека Фудбалскиот сојуз на Србија ги менува претставниците на играчите во арбитражната комисија и ги зголемува надоместоците за играчите при порекнување на постапки против клубовите.
Генералниот секретар на ФИФПро Тео ван Сегелен спомнатата ситуација во Србија ја нарече „флагрантно кршење на фундаменталните права на професионалните фудбалери".
„Додека оваа ситуција не се реши, ги советуваме играчите да не одат да играат фудбал во Србија. Кога ќе потпишете договор за клуб во Србија, имате 50 отсто шанса да завршите на суд", порача Ван Сегелен.
ФИФПро е основан 1965 година, а моментално ги собира претставниците на 58 земји во светот. Во таа федерација делуваат 65.000 светски професионални фудбалери.