Mutlu Demirtaştan
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, пред натпреварот со Манчестер Сити истакна дека се надева на повреда на клучните играчи од противничкиот тим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Погба за англиските медиуми изјави дека се надева оти лидерот на табелата, Манчестер Сити, ќе остане без поен во наредниот период.
„Знам дека не е убаво да се каже такво нешто, но се надевам дека ќе се повредат некои важни играчи во Сити. Исто како што ни се случува нам. Луѓето не го гледаат тоа и не зборуваат за тоа. Секогаш кога имаме важен натпревар, нашите играчи се повредуваат“, рече Погба.
Според него, за шампионот во лигата ќе одлучат ситните нешта.
„Ако почнат повредите во Манчестер Сити, можеби тогаш ќе има промена. Тоа би можело да биде нешто ситно што ќе ги ослабне“, смета Погба.
Тој оваа сезона играше на 11 средби и трипати ја затресе противничката мрежа, додека петпати асистираше.
Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се одигра на 10 декември.