Fatih Erel
05 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
ЛОЗАНА (AA) - Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја суспендираше Русија од Зимските олимписки игри 2018. година, јавува Anadolu Agency (AA).
Олимписката репрезентација на Русија е суспендирана за наредните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја поради користење на недозволени стимулативни средства.
Според спомнатата одлука на МОК соопштена денеска во Лозана, руските спортисти за кои ќе биде утврдено дека не користеле недозволени стимулативни средства ќед може да настапат под името „Олимписки спортисти од Русија", односно кратенката „OAR".
Во тој случај, спортистите нена да можат да настапат под руско знаме, а доколку освојат златен медал нема да се слушне државната химна на Русија.
Меѓународниот олимписки комитет на поранешниот министер за спорт на Русија на Витали Мутку, му заабрани учество на Зимските олимписки игри во било која улога.
Одлуката на МОК следуваше по завршување на истрагата којашто траеше година и пол дена во врска со тврдењата за допинг во организација на руската држава на Игрите во 2014. година во Сочи кога Русија била домаќин.
Во Извештајот се изнесуваат докази, за како што се наведува, системска манипулација на анти-допински правила и системи, со кои се поткрепени претходните обвиненија за вмешаноста на Владата Русија пред и во текот на ЗОИ одржани пред 4 години.