Yunus Kaymaz
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Аргентинскиот фудбалски репрезентативец и член на англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити, Серхио Агуеро, закрепна и се врати на теренот по сообраќајната несреќа во Амстердам, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Манчестер Сити се вели дека 29-годишниот Агуеро, кој на крајот на септември имаше сообраќајна несреќа во Амстердам, по закрепнувањето повторно се вратил на тренинг со своите соиграчи.
Агуеро беше во Амстердам на концертот на колумбискиот пејач Maлума, а по концертот зел такси до аеродромот, кога се случила сообраќајната несреќа.
Медиумите тогаш објавија дека Агуеро скршил ребро и оти надвор од теренот би можел да биде повеќе од два месеца, но се покажа дека тоа не е точно.
Тој во осум натпревари во Премиер Лигата и во Лигата на шампионите во оваа сезона постигна седум гола. Во последните пет години, колку што игра за Манчестер Сити, постигна 176 гола.