Dejan Maksimoviç
14 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид во разговор со претставниците на медиумите пред малиот градски дерби со Гетафе беше запрашан дали некогаш би седнал на клупата на Барселона. Одговорот на францускиот тренер и поранешен фудбалер беше брз и јасен: „Моето срце му припаѓа на Реал Мадрид", пренесува Anadolu Agency (AA).
На Реал Мадрид не му оди баш најдобро оваа сезоната и по седум одиграни кола во Ла Лига го зазема петтото место со седум поени зад лидерите на Барселона, која ги оствари сите победи. Но, со оглед дека Барса во ова коло беше домаќин на Атлетико Мадрид, многумина шансата ја гледаат „кралскиот клуб" да се приближи до најголемиот ривал.
„Јас сум фокусиран на победата против Гетафе. Што и да се случи на натпреварот помеѓу Атлетико и Барселона. Не е важно кој ќе биде резултат, за нас е важно да бидеме сконцентрирани на намалување на разликата на табелата", вели Зидан.
Французинот потоа одговори на прашањето дали некогаш би бил тренер на Барселона: „Моето срце му припаѓа на Реал Мадрид. И кога бев играч беше исто. Тие ме праша дали би сакал да играм некаде на друго место по Реал Мадрид, мојот одговор беше не", изјави Зидан.