Abdulkadir Karakaya
25 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Во првите натпревари од осминафиналето во УЕФА Лигата на шампиони, Манчестер Сити ја совлада Борусија Менхенгладбах со 0:2, а Реал Мадрид со минимални 0:1 ја победи Аталанта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа два натпревари од осминафиналето во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампиони.
Англискиот претставник во Лигата на шампионите, екипата на Манчестер Сити, која нема загубено натпревар сезонава во Лигата на шампионите, му гостуваше на германскиот претставник Борусија Менхенгладбах.
Поради мерките преземени за заштита од новиот вид коронавирус (Ковид-19), натпреварот меѓу овие два клуба се одигра во Арената „Пушкаш“ во Унгарија. Манчестер Сити успеа да победи со резултат 0:2.
Водството од 0:1 на Манчестер Сити му го донесе Бернардо Силва во 29. минута од средбата. Тоа беше резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел од средбата, Габриел Жезус во 65. минута постигна погодок за водство на Сити од 0:2 и победа над Борусија Менхенгладбах. Ова е 19. последователна победа на екипата на Пеп Гвардиола во сите натпреварувања. Со победата од 0:2, Сити обезбеди голема предност пред реванш-средбата.
- Реал Мадрид во 86. минута успеа да го совлада противникот кој играше со 10 играчи
Во вториот натпревар кој синоќа се играше во Лигата на шампиони, Аталанта му беше домаќин на Реал Мадрид.
На стадионот „Атлети Аѕури д'Италија“, играчот на Аталанта, Ремо Фроjлер, во 17. минута од средбата доби црвен картон.
Реал Мадрид, кој поголемиот дел од средбата ја одигра со играч повеќе, благодарение на погодокот на Ферлан Менди во 86. минута од средбата успеа да ја совлада Аталанта со 0:1.
Двете реванш-средби се закажани за 16 март (вторник).