Abdullah Tevge
25 Февруари 2021•Ажурирај: 27 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Екипата на Кливленд Кавалирс, во која настапува турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, во натпревар на американската Национална кошаркарска лига (НБА) со резултат 112:96 го совлада Хјустон Рокетс, известува Агенција Анадолија (АА).
Џеди на овој натпревар одигра 21 минута, постигнувајќи 7 поени, 8 скока и 2 асистенции.
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Лидерот на Западната конференција, екипата на Јута Џез, го совлада силниот противник Лос Анџелес Лејкерс со 25 поени разлика.
Во редовите на Џез 6 играчи постигнаа двоцифрен број поени. Руди Гоберт постигна 18 поени, 9 скока, Бојан Богдановиќ постигна 15 поени, 2 скока, 2 асистенции, Мајк Конли постигна 14 поени, 8 скока, 8 асистенции, Донован Мичел постигна дабл-дабл учинок од 13 поени, 10 скока, а Дерик Феjворс постигна 12 поени, 7 скока и дадоа голем придонес во победата на Јута.
Во редовите на Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 19 поени, 4 скока, 4 асистенции, Монтрезл Харел постигна 16 поени, 6 скока, додека Маркиф Морис постигна 12 поени, 9 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне високиот пораз од Јута Џез.
- Резултати
Јута Џез - Лос Анџелес Лејкерс 114:89
Индијана Пејсерс - Голден Стејт Вориорс 107:111
Атланта Хоукс - Бостон Селтикс 127:112
Кливленд Кавалирс - Хјустон Рокетс 112:96
Мајами Хит - Торонто Репторс 116:108
Чикаго Булс - Минесота Тимберволвс 133:126
Њу Орлеанс Пеликанс - Детроит Пистонс 128:118
Оклахома Сити Тандер - Сан Антонио Спарс 102:99
Феникс Санс - Шарлот Хорнетс 121:124