Abdulkadir Karakaya
26 Февруари 2021•Ажурирај: 27 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа реванш-натпреварите од 16-финалето на УЕФА Лига Европа во фудбал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во второто по важност фудбалско клупско натпреварување, УЕФА Лига Европа, синоќа се одиграа 15 реванш-натпревари од 16-финалето. Натпреварот меѓу Тотенхем и Волфсберг се одигра во средата, а Тотенхем победи со 4:0.
Лестер Сити на домашен терен ја пречека Славија Прага. Гостите беа поуспешни и со 0:2 го совладаа домаќинот, па на тој начин изборија пласман во осминафиналето на Лига Европа.
- Милан избори пласман во осминафиналето
Екипата на Милан на домашен терен ја пречека екипата на Црвена Sвезда. Натпреварот заврши без победник - 1:1, но пласман во осминафиналето избори Милан бидејќи на гостувањето во Белград натпреварот заврши со 2:2, што на Милан му даде предност од постигнат гол повеќе на гостински терен.
Манчестер Јунајтед на домашен терен против Реал Сосиедад одигра без погодоци - 0:0, но благодарение на високата победа на гости од 0:4 избори пласман во осминафиналето на Лига Европа.
Рома на домашен терен ја пречека екипата на Брага. Домаќините славеа со 3:1 и се пласираа во наредното коло.
Динамо Киев извојува победа од 0:1 на гостувањето во Клуб Бриж и се пласира во осминафиналето.
Покрај овие екипи, за пласман во осминафиналето на УЕФА Лига Европа се изборија и Олимпијакос, Динамо Загреб, Јанг Бојс, Ајакс, Арсенал, Шахтјор Донецк, Вилареал, Ренџерс, Гранада и Молде.
Резултати од синоќа одиграните средби:
Лестер Сити - Славија Прага 0:2
Милан - Црвена Sвезда 1:1
Клуб Бриж - Динамо Киев 0:1
Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад 0:0
Рома - Брага 3:1
Баер Леверкузен - Јанг Бојс 0:2
Динамо Загреб - Краснодар 1:0
ПСВ - Олимпијакос 2:1
Ајакс - Лил 2:1
Наполи - Гранада 2:1
Шахтјор Донецк - Макаби Тел Авив 1:0
Ренџерс - Антверпен 5:2
Арсенал - Бенфика 3:2
Хофенхајм - Молде 0:2
Вилареал - Салцбург 2:1