Mutlu Demirtaştan
02 Февруари 2025•Ажурирај: 04 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Лос Анџелес Лејкерс го трејдуваше Ентони Дејвис во Далас Маверикс во замена за Лука Дончиќ, известува Анадолу.
Според веста објавена на веб-страницата на НБА, Лејкерси во своите редови ги донесоа Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис од Маверикс во замена за Ентони Дејвис, Макс Кристи и право на драфт во првата рунда во 2029 година.
Во трејдот во кој беа вклучени три тима, Јута Џез го трејдуваше Џејлен Худ-Шифино во тимот на Лејкерс за правото на два избора од втората рунда на драфтот во 2025 година.
- Дончиќ воодушевува со својот пеформанс
Избран од Маверикс како трет пик во 1. коло на драфтот 2018 година, 25-годишниот Дончиќ се прослави со својот импресивен перформанс уште од првиот ден кога стапна на паркетот во НБА лигата.
Дончиќ, кој пет пати беше избран за ол-стар и во најдобрата петорка на НБА, беше избран за дебитант на годината во 2019, а минатата сезона стана најдобар стрелец на лигата.
Дончиќ мината сезона во регуларниот дел имаше просек од 28,6 поени, 8,7 скока и 8,3 асистенции, и ги однесе Маверикс во финалето на НБА.
- Дејвис се збогуваше со Лејкерс со една шампионска титула во НБА
Ентони Дејвис стана еден од најуспешните центри во лигата откако во НБА беше избран како пик број 1 на драфтот во 2012 година.
Дејвис, кој почна да го носи дресот на Лејкерси во 2019 година, со својот тим стана шампион на НБА и го освои НБА купот.
Дејвис (31), кој беше избран за ол-стар 10 пати во кариерата, постигна 24,2 поени и 10,7 скока во просек по натпревар во НБА.
Дејвис 4 пати беше избран меѓу топ 5 играчите на сезоната во НБА, 3 пати беше избран меѓу 5-те најдобри одбранбени кошаркари на сезоната и 3 пати стана најуспешен во блокадите.