Mutlu Demirtaştan
29 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа 10 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на Кливленд Кавалирс, во која игра и охриѓанецот Џеди Осман, ѝ гостуваше на екипата на Њу Орлеанс Пеликанс. Домаќините извојуваа победа од 104:116, а извонреден успех постигна Зион Вилијамс, младата ѕвезда на Њу Орлеанс Пеликанс, кој влезе во историјата на НБА како најмлад кошаркар којшто на 10 последователни натпревари успеал да постигне најмалку 20 поени.
Најпрецизни кај Пеликанс, кои се наоѓаат на 9. место во Западната конференција, беа Брендон Инграм со 29 поени, 7 асистенции и 6 скока, Зион Вилијамс со 24 поени, 3 скока и 2 асистенции и Џру Холидеј со 22 поени, 6 асистенции и 2 скока.
Кавалирс се наоѓаат на дното на табелата во Источната конференција со скор од 17 победи и 42 порази. Најпрецизен кај гостите беше Колин Секстон со 31 поен, 4 скока и 3 асистенции, Кевин Портер Џуниор со 16 поени, 5 скока и 5 асистенции, а Џеди Осман постигна 6 поени, 2 скока и 2 асистенции.
Најдобрата екипа сезонава, тимот на Милвоки Бакс, на домашен терен ѝ нанесе многу тежок пораз на екипата на Оклахома Сити Тандер, совладувајќи ја со 47 поени разлика, 133:86.
НБА-ѕвездата во редовите на Бакс, Јанис Антетокунпо, на овој натпревар постигна дабл-дабл од 32 поени, 13 скока и 6 асистенции. Турскиот интернационалец Ерсан Илјасова постигна 6 поени и 3 скока.
Вечер на програмата се 8 средби.
- Резултати:
Орландо Меџик - Минесота Тимберволвс 136 : 125
Торонто Репторс - Шарлот Хорнетс 96 : 99
Атланта Хоукс - Бруклин Нетс 141 : 118
Милвоки Бакс - Оклахома Сити Тандер 133 : 86
Мајами Хит - Далас Маверикс 126 : 118
Мемфис Гризлис - Санкраменто Кингс 101 : 104
Њу Орлеанс Пеликанс - Кливленд Кавалирс 116 : 104
Феникс Санс - Детроит Пистонс 111 : 113
Јута Џез - Вашингтон Визардс 129 : 119
Лос Анџелес Клиперс - Денвер Нагетс 132 : 103.