Oktaj Omeragikj
12 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во рамките на плејоф натпреварите на НБА, екипата на Филаделфија Севентисиксерс со резултат 111:127 ја совлада Атланта Хоукс и поведе со 2:1 во серијата од 4 победи во полуфиналето на Источната конференција на НБА, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 2 натпревари во рамките на плејофот на американската Национална кошаркарска лига (НБА).
Во третиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција, Атланта Хоукс на домашен терен ја пречека Филаделфија Севентисиксерс. Гостите победија со резултат 111:127 (по четвртини 20:28, 36:33, 19:34, 36:32).
Со оваа победа Севентисиксерси поведоа со 2:1 во серијата од 4 победи во полуфиналето на Источната конференција. Кај Филаделфија најпрецизни беа Џоел Ембид со 27 поени, 9 скока и 8 асистенции, Тобајас Херис со 22 поени, 8 скока и 5 асистенции и Бен Симонс со 18 поени, 7 асистенции и 4 скока.
Во редовите на Хоукс, Тре Јанг беше најпрецизниот кошаркар на натпреварот со постигнати 28 поени и 8 асистенции. Добра игра прикажаа и Џон Колинс со 23 поени и 7 скока и Богдан Богдановиќ со 19 поени, 4 скока и 1 асистенција, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на домашен терен.
- Во Западната конференција, Санс поведе со 3:0 против Нагетс
Во третиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција, екипата на Феникс Санс извојува победа на гостувањето против Денвер Нагетс со 102:116.
Екипата на Санс по оваа победа поведе со 3:0 против Нагетс во серијата од 4 победи. Најпрецизни во редовите на Санс беа Девин Букер со 28 поени, 6 скока и 4 асистенции, Крис Пол со 27 поени, 8 асистенции и 6 скока, а Деандре Ејтон постигна дабл-дабл од 10 поени, 15 скока и 2 асистенции.
Кај Нагетс извонреден перформанс прикажа Никола Јокиќ со трипл-дабл од 32 поени, 20 скока и 10 асистенции. Добра игра прикажаа и Монте Морис со 21 поен и 5 асистенции, Мајкл Портер со 15 поени и 5 скока и Вил Бартон со 14 поени, 7 скока и 3 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на домашен терен.