Bakir Tiro
12 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
БУКУРЕШТ
Ниту еден фудбалер, ниту член на стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Северна Македонија не се позитивни на Ковид-19, соопштија од националниот тим пред дебитантскиот историски настап на Европското првенство, известува Агенција Анадолија (АА).
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски го извршија последното задолжително тестирање за коронавирусот пред утрешниот историски натпревар за Северна Македонија против Австрија во Букурешт, главниот град на Романија.
Својот прв натпревар на Европското првенство 2020, репрезентацијата на Северна Македонија, во рамките на групата Ц, ќе го одигра утре (13 јуни) против Австрија. Натпреварот започнува во 18:00 часот.
На 17 јуни С. Македонија во Букурешт ќе игра против Украина, а на 21 јуни во Амстердам ќе ги одмери силите со Холандија.