Балкан, Коронавирус

„Стравот и паниката кај патниците и туристичките компании е преголем поради коронавирусот“

Според извршната директорка на СКТМ, Пејоска Ристеска, ако Министерството објави ограничување или забрана на движење, тогаш компаниите од туристичкиот сектор ќе можат полесно да работат

Husamedin Gina  | 27.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
„Стравот и паниката кај патниците и туристичките компании е преголем поради коронавирусот“ (Foto: Husamedin Gina/ Anadolu Agency )

СКОПЈЕ (АА) – Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ), истакнувајќи дека стравот и паниката кај патниците и туристичките агенции е преголем поради појавата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), од надлежните институции побара точни информации и насоки во однос на патувањата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Стопанската комора за туризам на Македонија, денеска одржа прес-конференција на која се осврна на состојбата во туристичкиот сектор по појавата на коронавирусот.

Извршната директорка на Комората, Биљана Пејоска Ристеска, истакна дека Министерството за здравство треба да даде точна информација, насока, а не само препораки за патувања.

Според Пејоска Ристеска, ако Министерството објави ограничување или забрана на движење, тогаш компаниите од туристичкиот сектор ќе можат полесно да работат.

Таа, истакнувајќи дека поради коронавирусот патувањата кон Италија се целосно откажани, рече дека има откажувања и за патувањата во другите региони.

„Стравот и паниката се преголеми кај патниците, меѓутоа, и компаниите се во истата ситуација“, истакна извршната директорка Пејоска. Таа додаде дека „како сериозна комора која брои 100 членки не можат да се водат од социјалните мрежи и паушалните изјави или прес-конференции."

Емил Димитровски, претседателот на Стопанската комора за туризам на Македонија, истакна дека до Министерството за транспорт и врски упатиле барање да заземе став во врска со авиокомпанијата „Визер“ во однос на претходно продадените авионски билети.

„Бараме за „Визер“ да ни излезе во пресрет, бидејќи таа [авиокомпанијата] зема субвенции од државата. Двете опции се на маса - едната опција е да ги врати средствата за да можат да се дадат на патниците, а втората опција е да можат да се одложат“, нагласи Димитровски.

Димитровски исто така истакна дека осмомартовските аранжмани во регионите кои се опфатени со вирусот се целосно откажани, а во другите региони како што се Бугарија, Грција, нормално си продолжуваат.

Министерот за здравство на Република Северна Македонија вчера информираше дека во земјата е потврден прв случај на коронавирус (Ковид-19). Според соопштеното се работи за пациентка родена во 1970 година од Скопје која одредено време престојувала во Италија.

Инаку, бројот на лица заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 82.000 лица. Вкупно 2.801 лице починаа од овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.