спорт

Марега по расистичките навреди: „Благодарам на судиите што ми дадоа жолт картон затоа што ја бранев мојата боја на кожа“

Напаѓачот на Порто, Муса Марега, синоќа го напушти теренот откако му беа упатени расистички навреди од навивачите

Fatih Erel  | 17.02.2020 - Обновена : 18.02.2020
Марега по расистичките навреди: „Благодарам на судиите што ми дадоа жолт картон затоа што ја бранев мојата боја на кожа“

ИСТАНБУЛ (АА) - Напаѓачот на Порто, Муса Марега, синоќа го напушти теренот откако му беа упатени расистички навреди од навивачите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Откако 28-годишниот фудбалер од Мали постигна гол во 60. минута, славејќи покажа на својата кожа.

Тој го напушти теренот во 71. минута, а неговата екипа победи со 2:1 против Виторија Гимараеш во Премиер лигата на Португалија.

Додека заминуваше, Марега покажа со палците надолу кон публиката.

Неговите соиграчи и фудбалерите на Виторија Гимараеш се обидоа да го убедат да остане на теренот, но беше заменет во 72. минута.

Подоцна, Марега на Инстаграм напиша: „Се надевам дека никогаш повеќе нема да ве видам на фудбалските терени. Вие сте срам!“, им порача на расистичките фудбалски фанови.

„Исто така, им благодарам на судиите што не застанаа во моја одбрана и што ми дадоа жолт картон затоа што ја бранев мојата боја на кожа“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.