Mutlu Demirtaştan
03 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига (НБА), тимот на Јута Џез, на домашен терен, со резултат 115:111 го совлада Милвоки Бакс, кој има најдобар скор во овогодишното натпреварување на НБА од 76,2% (48 победи и 15 порази), пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во американската НБА кошаркарска лига. Кливленд Кавалирс, во кој игра охриѓанецот Џеди Осман, на домашен терен загуби со резултат 93:129 од тимот на Детроит Пистонс. Осман на теренот мина 32 минути и 6 секунди, постигнувајќи скор од 10 поени, 4 скока, 2 асистенции и 1 украдена топка.
Кливленд го доживеа својот 48. пораз сезонава, а со својата игра се истакнаа Колинс Секстон со 16 поени, додека Лери Ненси јуниор и Џордан Кларксон постигнаа по 11 поени.
Најголем придонес за 30. победа на Пистонс дадоа Лук Кенард со 26 и Реџи Џексон со 24 поени.
- Јута постигна 4. победа едноподруго -
Кошаркарите на Јута Џез на домашен терен го пречекаа тимот на Милвоки Бакс, нанесувајќи му го 15. пораз годинава. Јута извојува победа од 115:111, што е 4. победа едноподруго.
Во тимот на Јута се истакнаа Донован Мичел со 46 поени, 6 асистенции, 3 скока, 2 украдени топки и Дерик Феjворс со дабл-дабл од 23 поени и 18 скока.
Во редовите на Милвоки Бакс, лидерот во Источната конференција, се истакнаа Јанис Адетокунбо со дабл-дабл од 43 поени, 14 скока, 8 асистенции, Крис Мидлтон со 29 поени, 9 скока, 6 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне 15. овогодишен пораз.
Вечер во рамките на НБА ќе се играат 8 натпревари:
Шарлот Хорнетс - Портланд Треил Блејзерс
Лос Анџелес Клиперс - Њујорк Никс
Бостон Селтикс - Хјустон Рокетс
Чикаго Булс - Атланта Хоукс
Детроит Пистонс - Торонто Рапторс
Шарлот Визардс - Минесота Тимберволвс
Кливленд Кавалирс - Орландо Меџик
Оклахома Сити Тандерс - Мемфис Гризлис
- Резултати:
Кливленд Кавалирс - Детроит Пистонс 93:129
Индијана Пејсерс - Орландо Меџик 112:117
Мајами Хит - Бруклин Нетс 117 88
Далас Маверикс - Мемфис Гризлис 81:111
Филаделфија Севентисиксерс - Голден Стејт Вориорс 117:120
Сан Антонио Спарс - Оклахома Сити Тандер 116:102
Денвер Нагетс - Њу Орлеанс Пеликанс 112:120
Феникс Санс - Лос Анџелес Лејкерс 118:109
Јута Џез - Милвоки Бакс 115:111