Fatih Erel
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - По натпреварите во првите пет европски фудбалски лиги во текот на викендот, Манчестер Сити, Барселона, Јувентус, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Париз Сен Жермен се наоѓаат на врвот на табелите во своите лиги, пишува Anadolu Agency (AA).
Во англиската Премиер лига, Манчестер Сити е на првата позиција со 71 бод по победата над Борнмут со 1:0.
Ливерпул играше нерешено со Евертон 0:0 и постигна 60 бода, додека Манчестер Јунајтед го победи Саутемптон со резултат 3:2.
Во шпанската фудбалска Ла Лига, Барселона го победи тимот на Реал Мадрид со 1:0 во „Ел Класико“ и остана посилна, на врвот на лигата, со 60 бода.
Атлетико Мадрид го порази Реал Сосиедад со резултат 2:0.
По лидерот на табелата, Барселона, следуваат Атлетико Мадрид со 53 бода, и Реал Мадрид со 48 бода.
Во италијанската Серија А, лидерот Јувентус е на врвот на лигата со 72 бода по победата над Наполи со резултат 2:1, добивајќи 23 од вкупно 26 натпревари.
По поразот, второпласираниот Наполи остана со 56 бода, додека Милан го победи Сасуоло со резултат 1:0, за да го освои третото место. Интер беше поразен од Каљари со 2:1.
Во германската Бундеслига, лидерот Борусија Дортмунд беше поразен од Аугсбург со 2:1, додека шампионот Баерн Минхен ја победи Борусија Менхенгладбах со 5:1 и го дели првото место со лидерот.
Борусија Дортмунд и Баерн Минхен имаат по 54 бода.
Во француската Лига 1, лидерот ПСЖ го победи Каен со 2:1, второпласираниот Лил го порази Дижон со 1:0 и Олимпик Лион го победи Тулуз со резултат 5:1.
ПСЖ на врвот на лигата со 71 бод е многу пред Лил, кој има 54 бода, и Олимпик Лион со 49 бода.