Mutlu Demirtaştan
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во редовите на тимот на Милвоки Бакс, кој игра во американската Национална кошаркарска лига НБА, и официјално премина шпанскиот репрезентативец кој игра на позицијата центар, Пау Гасол, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што на својата интернет-страница го објави Милвоки Бакс се вели дека клубот потпишал договор со 38-годишниот Пау Гасол од екипата на Сан Антонио Спарс.
Гасол, кој ја игра својата 18 сезона во НБА, покрај во тимот на Спарси, играше за Мемфис Гризлис, Лос Анџелес Лејкерс и Чикаго Булс. Шпанскиот кошаркар на двапати беше шампион на НБА и 6 пати беше избран за Ол-стар.
Во својата кариера Гасол има просек од 17,1 поен, 9,2 скока, 3,2 асистенции и 1,6 блока по натпревар.
Екипата на Бакси досега има најдобар просек во сезонава во НБА и се наоѓа на врвот од Источната конференција со учинок од 76,2 отсто, постигнувајќи 48 победи и 15 порази.