Mutlu Demirtaştan,Oktaj Omeragikj
02 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа 4 натпревари во НБА. Лидерот на Источната конференција, воедно и екипата со највисок процент на победи во НБА, Милвоки Бакс, го победи тимот на Минесота Тимберволвс со 106:104 и ја нанижа својата четврта победа во серијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во продолжението на американската Национална кошаркарска лига, екипата на Бакс од Источната конференција дојде до својата 31. победа сезонава и има највисок процент на победи од 86,1% (31 победа и 5 порази) во НБА.
Најпрецизни играчи во редовите на Бакс беа Јанис Антетокунпо со дабл-дабл од 32 поени, 17 скока, 4 асистенции и 2 блокади, Крис Мидлтон со 13 поени, 8 скока и 4 асистенции, Брук Лопез со 11 поени, 4 скока, 3 асистенции, Ерик Бледсо со 10 поени, 6 скока, 2 асистенции. Турскиот интернационалец, кој на теренот помина 16 минути и 51 секунда, постигна 7 поени, 5 скока, 3 асистенции и една блокада.
Екипата на Тимберволвс го претрпе 21. пораз сезонава. Најпрецизни во екипата на Минесота беа Шабаз Напие со 22 поени, 6 скока, 3 асистенции и Горги Џенг со 15 поени, 6 скока.
Лос Анџелес Лејкерс успеа да го совлада Феникс Санс со 117:107, а ѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс, постигна трипл-дабл од 31 поен, 13 скока, 12 асистенции.
Значаен придонес во победата на Лејкерс дадоа и Ентони Дејвис кој постигна дабл-дабл од 26 поени, 11 скока, 2 асистенции, Кајл Кузма со постигнати 19 поени, 4 скока и 1 асистенција, и Ејвери Бредли, кој постигна 18 поени, 5 скока и 1 асистенција.
Ова е 21. пораз на Феникс, а најпрецизни во редовите на Санс беа Девин Букер со постигнати 32 поени, 7 асистенции, 2 скока, Кели Обри Џуниор со 26 поени, 6 скока и 3 асистенции, и Диандре Ејтон со дабл-дабл учинок од 16 поени, 14 скока и 2 асистенции.
Вечер на програмата се 9 натпревари. Се среќаваат:
Кливленд Кавалирс - Шарлот Хорнетс
Индијана Пејсерс - Денвер Нагетс
Мајами Хит - Торонто Репторс
Чикаго Булс - Јута Џез
Минесота Тимберволвс - Голден Стејт Вориорс
Далас Маверикс - Бруклин Нетс
Сан Антонио Спарс - Оклахома Сити Тандер
Сакраменто Кингс - Мемфис Гризлис
Лос Анџелес Клиперс - Детроит Пистонс
Резултати од синоќешните натпревари:
Вашингтон Визардс - Орландо Меџик 101:122
Њујорк Никс - Портланд Треил Блејзерс 117:93
Милвоки Бакс - Минесота Тимберволвс 106:104
Лос Анџелес Лејкерс - Феникс Санс 117:107