Ekipa
26 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
СПА-ФРАНКОШАМП (АА) - Британскиот возач Луис Хамилтон денеска во квалификациите за Големата награда на Белгија го изедначи рекордот на Формула 1 по бројот на освоени полпозиции. Хамилтон на патеката на Спа-Франкошамп стигна до својата 68. полпозиција, со што се изедначи со легендарниот германски возач, Михаел Шумахер, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска трикратниот шампион во Формула 1 со болидот на Мерцедес го извозе најбрзиот круг на патеката Спа-Франкошамп во Белгија. Утре заедно со него од првиот ред ќе стартува и Себастијан Фетел од Ферари. Трет е Макс Ферштапен од Ред Бул.
Пред трката за Големата награда на Белгија, Фетел се наоѓа на лидерската позиција на листата на возачи во Формула 1 со 202 поени, пред Хамилтон кој е второпласиран со 188 поени.