Mutlu Demirtaştan
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Непобедливиот шампион, американецот Флојд Мејведер, вчера го победи шампионот во Мешани боречки вештини (ММА), Ирецот Конор Мекгрегор и постигна рекорд од 50 победи во неговата професионална боксерска кариера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вчерашната борба меѓу Мејведер, кој во својата кариера победил во сите професионални борби, и Мекгрегор, се одржа во американскиот град Лас Вегас.
Мејведер го победи својот противник во 10. рунда, и ја зачува својата непобедливост по 50. пат. Со оваа победа Мејведер го собори рекордот на Американецот со италијанско потекло, Роки Марчано, од 49 победи и нула порази, и стави крај на својата боксерска кариера.
Се очекува Мејведер, кој пред мечот соопшти дека се пензионира, ќе освои 300 милиони, додека 29-годишниот Мекгрегор кој излезе на првиот боксерски меч во својата кариера, 100 милиони долари.