Erkan Tiryaki
07 Август 2021•Ажурирај: 08 Август 2021
ТОКИО (АА) - Турската боксерка Бусеназ Сурменели освои златен медал во бокс во женска категорија до 69 килограми на Олимписките игри 2020 во Токио, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во историското финале во „Кокугикан арената“, Бусеназ се соочи со кинеската противничка, Хонг Гу.
Во првата рунда од мечот, водството го имаше кинеската боксерка, но Бусеназ во втората и третата рунда успеа да го преземе водството во натпреварот.
Со тоа, турската боксерка успеа да освои златен медал и постигна историски успех.
Меѓу гледачите во салата се наоѓаше и турскиот министер за млади и спорт, Мухарем Касапоглу, кој на крајот на мечот упати честитки до Бусеназ за постигнатиот успех.
