Ahmet Furkan Mercan
06 Август 2021•Ажурирај: 07 Август 2021
ТОКИО
Вкупно 382 лица акредитирани за Олимписките игри кои се одржуваат во Токио, се заразени со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Организацискиот комитет соопшти дека заразувањето со коронавирусот е потврдено кај уште 29 лица кои во Јапонија допатуваа поради Олимписките игри во Токио.
Меѓу 29-те лица кај кои заразувањето со коронавирусот е потврдено во последните 24 часа, нема спортисти.
Со тоа бројот на заразени лица акредитирани за Олимписките игри во Токио е зголемен на 382.
Кај заразените е одредена мерка на изолација.