Erkan Tiryaki
05 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
ТОКИО
На 13-тиот ден од Олимписките игри во Токио 2020 година, САД ја совладаа Австралија со резултат 97-78 и станаа првиот финалист во кошарка на Олимписките игри во Токио 2020, известува Агенција Анадолија (АА).
На натпреварот одигран во спортската сала „Саитама Арена“, Австралија првата четвртина ја заврши со предност 24-18, а на полувреме замина со предност од 45-42.
САД, составени од НБА-ѕвезди, во потполност ја презедоа играта во свои раце во второто полувреме и на крајот од третата четвртина постигнаа висока предност од 74-55.
САД успеаја да ја одржат разликата и во последната четвртина, за на крај да ја совладаат Австралија со 19 поени разлика, 97-78, и изборија пласман во кошаркарското финале на ОИ Токио 2020.
Најпрецизен кошаркар кај САД беше Кевин Дурант со постигнати 23 поени. Кај Австралија најпрецизен кошаркар беше Пети Милс со 15 поени.
Репрезентацијата на САД е олимписки победник на последните три олимпијади и по четврти пат едноподруго се пласира во финалето.
Меѓу другото, во финалето САД го очекуваат победникот од дуелот меѓу Франција и Словенија. Овој полуфинален натпревар е закажан за денеска со почеток во 13:00 часот.
Кошаркарското финале на ОИ Токио 2020 е закажано за 7 август, сабота.