Emrah Oktay
01 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
ТОКИО
На Олимписките игри во Токио 2020, двајца спортисти го поделија златниот медал за скок во височина во машка конкуренција, известува Агенција Анадолија (АА).
На Олимписките игри 2020 што се одржуваат во Токио денес се одржа финалето во скок во височина во машка конкуренција на Олимпискиот стадион во Токио.
Катарецот Мутаз Еса Баршим, кој во Лондон 2012 година го освои бронзениот, а во Рио 2016 се закити со сребрениот медал, во Токио скокна 2,37 метри. Истата висина ја скокнаа и Италијанецот Џанмарко Тамбери и Белорусинот Максим Недасекау. Атлетичарите не успеаја да ја прескокнат следната височина и откако не беше спроведено повторно скокање во височина на пониска височина како ‘натскокнување’, Баршим и Тамбери го поделија златниот медал. Украинецот Недасекау го освои бронзениот медал поради послабата серија.