Bakir Tiro
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
САРАЕВО (АА) - Меѓународната џудо федерација (IJF) денес предложи на програмата на Летните олимписки игри во Токио во 2020 година да се вметне екипно машко-женско натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ИЈФ истакнуваат дека тимското џудо натпреварување би било многу интересно.
Репрезентацијата би била составена од три натпреварувачки со тежина до 50 килограми, дo 70 и над 70 кг, а тројца натпреварувачи (до 73, дo 90 и над 90 кг).
Федерацијата предлага на Олимписките игри во Токио да се натпреваруваат 12 репрезентации, и тврди дека тоа воопшто нема да ги зголеми трошоците на натпреварувањето бидејќи џудистите, како и судиите и другите официјални претставници, би учествувале во поединечна конкуренција.