Bedrudin Brlyavac
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
САРАЕВО (AA) - Барселона и Реал Мадрид ќе се состанат кој крајот на јули оваа година во Мајами во САД на турнирот „Меѓународен куп на шампионите", јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторите денеска соопштија дека Ел Класико ќе се игра на 29 јули на стадионот „Хард Рок" во Мајами, чии капацитет е 65.326 места.
Роберто Карлос, поранешниот фудбалер на Реал, на конференција за медиумите рече дека целиот свет го гледа овој меч помеѓу овие два ривали.
„Кога играат Реал Мадрид и Барселона, се друго застанува", рече Карлос.
Останатите учесници, сега веќе на традиционалниот турнир ќе бидат познати на 21. март.
Инаку, ова ќе биде втор Ел-Класико надвор од Шпанија, а првиот е одржан 1982 година во Венецуела кога Реал славеше со 1:0.