Admir Fazlagic
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Спортска и пријателска атмосфера владее во ВИП арената на спорскиот центар Борис Трајковски во Скопје, каде се игра ревијалниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови Работнички и Фенербахче, по повод јубилејот - 70 години од основањето на КК Работнички, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред самиот почеток на натпреварот, на познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ, кој игра во редовите на турскиот кошаркарски клуб Фенербахче, од страна на Работнички му беше доделен дресот на овој клуб, каде што Антиќ ја започна својата кошаркарска кариера.
Во првиот дел на играта во редовите на Работнички влезе играчот Тодор Гечевски, кој долгогодишната кошаркарска кариера ја завршува токму вечерва на јубилејниот натпревар. И домашните и гостинските навивачи со аплауз го поздравија неговото влегување во игра.
По првото полувреме од пријателскиот натпревар помеѓу Работнички и Фенербахче резултатот е 24 : 48 .
Инаку, последен пат Работнички и Фенербахче играа во ФИБА Европа лигата, во сезоната 2004/2005 година. Тогаш турскиот тим славеше двапати.
Во Скопје беше 79:67, а во Истанбул убедливи 109:60.