Dejan Maksimoviç
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
ЛОНДОН (АА) - Британските медиуми јавуваат дека Герет Саутгејт, привремен селектор на фудбалската репрезентација на Англија, потврдил оти Вејн Руни од Манчестер Јунајтед останува капитен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако се наоѓа во многу лоша состојба во својот клуб, поради што не беше меѓу стартерите во последните два натпревара на Јунајтед, Саутгејт одлучи Руни да биде капитен на следните два натпревара од квалификациите за Светското првенство, против Малта и Словенија.
Привремениот селектор, кој ќе го води „Гордиот албион“ во четири натпревари, в недела ќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета во првите две посети на 8. и 11. октомври.
На почетокот на оваа недела во јавноста се појави снимка од Сем Елардајс со двајца мажи, кои, наводно, биле претставници на инвестициска компанија од Далечниот Исток. На снимката тој зборува за тоа како можат да се заобиколат правилата на фудбалската асоцијација за трансфер на играчи. По средбата на Елардајс и раководството на Сојузот во вторникот вечерта, договорено е консензуално раскинување на соработката. Саутгејт , кој е селектор на репрезентацијата У21на Англија, беше назначен како привремено решение за четири натпревари.