Medin Halilovic
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
НОВИ ПАЗАР (АА) - На новоизградениот стадион за атлетика „Хаџет“ во Нови Пазар утрово започнаа натпреварувањата на 76. Балканско првенство во атлетика за сениори, јавува Anadolu Agency (AA).
Почетокот на 76. Балканијада, на која учествуваат 16 држави, започна со седмобојот и со трката на сто метри со пречки за сениорки и со трката на сениори во десетобој на сто метри.
Прва во оваа трка беше Гркинката Софина Ифантидо со резултат од 13,97, втора целта ја помина Младена Петрушиќ од Босна и Херцеговина, а третото место го освои атлетичарката од Црна Гора Лилјана Матовиќ.
Во трката на сто метри за мажи прв низ целта мина Драган Пешиќ од Црна Гора со резултат 11,93, додека зад него беа Турчинот Јунус Пехливан и српскиот репрезентативец Александар Грновиќ.
До церемонијата на официјалното отворање на Балканијадата, закажана за 16 часот, се одржуваат натпревари во скок во далечина, скок во височина и во фрлање ѓуле.
Еден од иницијаторите за изградбата на атлетскиот стадион во Нови Пазар, потпретседатлот на Владата на Србија и министер за трговија и телекомуникации, Расим Љајиќ, во изјава за AA ја истакна важноста и значењето на одржувањето на Балканијадата, како најголемоспортски настан досега одржан во Нови Пазар.
„Ова е круна на она што го работевме во изградбата на инфраструктурата, ова станува сериозен спортски центар. Нашата цел не е само да бидеме организатори на овие натпревари, туку нашата цел е што поголем број луѓе кои ќе дојдат тука, гости и учесници, повторно да се вратат во Нови Пазар, да се подготвуваат спортски екипи, не само атлетичари. Ова е спортски комплекс каков нема сличен во Србија, а верувам и во поширокиот регион“, рече Љајиќ.
Покрај домаќинот, на Балканијадата учествуваат атлетичари од Македонија, Турција, Албанија, Ерменија, Босна и Хецеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грузија, Грција, Израел, Црна Гора, Молдавија, Романија и од Словенија.