Besar Ademi
12 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Михаил Цветков, и потпретседателот и министер за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ, по средбата во Скопје, се согласија цената на надоместокот за фитосанитарна анализа на увозот на пченица во Македонија да биде иста како онаа на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мелничарите кои бараат итно укинување на новата мерка за увоз на пченица, која ќе важи од август оваа година, велат дека тарифата е зголемена за околу 800 проценти. Македонскиот министер Михаил Цветков соопшти дека старата тарифа изнесуваше 0,5 денари по килограм, додека на 12 ноември 2015 се намали на 0,06 денари поради поплавите минатата година во Пелагонискиот регион. Како што нагласи, тарифата која важеше само поради поплавите минатата година, сега се одлучи да се врати на претходните цени.
Тој изјави дека цената на фитосанитарен сертификат во Србија изнесува 8.550 денари, а во Македонија од 10 до 11.000 денари. За ова, Цветков нагласи дека било дискутирано цената да биде иста како онаа во Србија.
„За сите отворени прашања за кои разговаравме денес, постигнавме договор. Ние сме свесни дека со Србија имаме добри традиционални односи. Дискутиравме, не да ги влошиме овие односи туку да ги подобриме уште повеќе. Ова е заедничка презентација на третиот пазар за кој е потребен повеќе труд и грижа. Мислам дека во оваа насока ќе функционира”, рече Цветков.
Од друга страна, пак, српскиот министер Расим Љајиќ изјави дека Македонија за Србија е многу важен трговски партнер и дека во првите шест месеци трговијата помеѓу овие две земји постигна раст од околу 13 проценти.
„Ова најверојатно ќе биде рекордна година, што се однесува за извозот и увозот во и од Македонија. Ние сакаме овој тренд да продолжи, а целта на оваа средба е да се отстранат сите вонцарински бариери кои порано постоеле од страна на двете земји”, рече Љајиќ.
Инаку, „Фитосанитарниот сертификат“ е официјален документ со кој се потврдува фитосанитарната состојба на одредена пратка, која подлежи на фитосанитарна инспекција.