Ivana Ramadanova
12 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Италијанското министерство за надворешни работи и меѓународна соработка - Генерална дирекција за соработка и развој (Цооперазионе Италиана), преку Меѓународната Федерација на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (ИФРЦ), додели на располагање 200 илјади евра, со цел да се поддржат активностите на локалниот Црвен Крст во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ваквата постапка следува како одговор на апелот на македонските авторитети упатен кон странските земји во врска со вонредната состојба настаната заради разорните поплави кои погодија одредени подрачја во земјава предизвикувајќи човечки жртви. Како резултат на тоа илјадници лица останаа без основни услови за живот а беше причинета и огромна материјална штета, особено во руралните области на Скопје и Тетово.
Според соопштението од Италијанската амбасада, средствата ќе придонесат за финансирање на активностите за прва помош предводени од македонскиот Црвен Крст, како што се набавка на прехрамбени производи, вода за пиење и други неопходности од примарен карактер: хигиенски средства, облека, душеци, покривки и друго.