спорт

Турската боксерка Бусеназ Сурменели стигна до полуфиналето на Олимпијадата во Токио

Дваесет и тригодишната Сурменели се натпреваруваше против украинската боксерка Ана Лисенко во четвртфиналето во женска категорија до 69 килограми во Кокугикан Арената

Erkan Tiryaki  | 30.07.2021 - Обновена : 02.08.2021
Турската боксерка Бусеназ Сурменели стигна до полуфиналето на Олимпијадата во Токио

ТОКИО (АА) - Турската боксерка Бусеназ Сурменели денеска ја победи својата противничка и се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Токио 2020, јавува Агенција Анадолија (АА).

Дваесет и тригодишната Сурменели се натпреваруваше против украинската боксерка Ана Лисенко во четвртфиналето во женска категорија до 69 килограми во Кокугикан Арената.

Сурменели исто така влезе во историјата станувајќи првата турска атлетичарка на која ѝ е загарантиран олимписки медал во женски бокс.

Нејзиниот полуфинален натпревар ќе се одигра на 4 август.

Претходно оваа година, Сурменели за Агенција Анадолија рече дека сонува да освои медал на Олимпијада уште од своето детство.

Иако може да се пофали со бројни импресивни награди, таа призна дека носењето медал од Токио дома ќе пополни важна празнина.

„Олимпијадата е мој сон од детството. Сѐ уште живеам со тој сон", рече таа тогаш.

Олимписките игри, кои првично требаше да се одржат во 2020 година, беа одложени, како и мноштвото други светски спортски настани, поради пандемијата на коронавирусот.

Игрите во Токио 2020 започнаа на 23 јули и ќе траат до 8 август, но без публика од странство поради коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.