спорт, Коронавирус

241 заразен со коронавирусот на Олимпијадата во Токио

Организацискиот комитет потврди дека уште 21 лице, вклучувајќи персонал и официјални лица, се позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број случаи на Олимпијадата се зголеми на 241

Ahmet Furkan Mercan  | 31.07.2021 - Обновена : 01.08.2021
241 заразен со коронавирусот на Олимпијадата во Токио

ТОКИО (АА) - Вкупно 241 лице акредитирани за Олимпијадата во Токио 2020 се заразени со коронавирусот, соопштија организаторите денес, јавува Агенција Анадолија (АА).

Организацискиот комитет потврди дека уште 21 лице, вклучувајќи персонал и официјални лица, се позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број случаи на Олимпијадата се зголеми на 241.

„Од спортистите што се натпреваруваат не се регистрирани заразени со Ковид-19 во текот на изминатиот ден“, додаде Комитетот, и истакна дека новозаразените лица се ставени во карантин.

Одложени од минатата година поради пандемијата, Олимписките игри Токио 2020 се надеваа дека ќе бидат пречекани од јапонската публика, но се одвиваат со одржување натпревари во празни сали и места во Токио поради новонастанатата ситуација со вирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın